Добредојдовте на официјалната веб страница на Ман-Дра ДОО Скопје
  • mk
+389 (0)2 3 171 519
+389 (0)70 23 67 67
man-dra
contact@man-dra.mk

релеи

  • GMC Контактор

    GMC серијата на електромагнетни АС контактори, употребливи при фрекфенција  50/60Hz, номинален напон до 1000V и струја од 9 до 85A во режим на работа АС3. Главна примена му е за формирање и прекинување електричен круг на долги растојанија, старт, стоп и контрола на АС мотори и грејни тела. Се употребува во комбинација со LKH биметалот за формирање на стартен круг за  АС мотори.

  • Изолирани кабел папучи

    Изолираните кабел папучи се добар избор за завршна конекција на кабли. Се изработуваат во повеќе типови (окасти, виљушкасти папучи, туљци и автоклеми).

  • Префрлувач

    Префрлувачи и тастери

    Голем избор на прекинувачи, тастери и сигурносни прекинувачи за автоматика и процесно управување, изработени по европски стандард.

  • Реле со подножје (11 пинско)

    • Три одделни NC + NO контакти со декларирана струја од 10А
    • Вграден LED индикатор
    • Голема издржливост (минимум 10 000 000 операции)
    • 11 – пинско подножје

  • Солид стејт реле

    Солид стејт реле претставува безконтактен прекинувач кој се управува со мал контролен напон каков што овозможуваат TTL и CMOS интегралните кола. Излезниот степен го сочинува моќен триак кој овозможува брзо вклучување и исклучување на потрошувачот. Влезниот и излезниот степен се одвоени со оптички елемент. Споредено со електромагнетно реле (контактор), има повеќе предности како што се: пократко време на реакција, тивка работа што не предизвикува никакво вознемирување во околината, подолг работен век и слично.