Мерач на влага
Дигитален инструмент за собна температура и влага
Спецификација:
- Опсег на температура: од -50 ℃ до +70 ℃ (58 ℉ , 158 ℉)
- Опсег на влага: 20% ~ 99% RH (Кога влагата е <20% RH, дисплејот покажува 10% RH)
- Напојување: батерија 1.5V (ААА големина) x1
Функции:
- Температура, влажност и часовник прикажани истовремено
- Температурна единица ℃ / ℉ променливо
- Меморирање на макс. / мин. вредност на температурата и влажноста
- 2 режими на часовник: 12ч / 24ч
- Функција за автоматска промени на прикажаното време и датум на секои 5 секунди
- Звучен сигнал на секој час
- Аларм
- Опис
Опис
Ракување:
Отворете го капакот, вметнете ја батеријата со запазен поларитет и уредот ќе се вклучи.
Тастер за функција: [MODE] ја менува состојбата на екранот помеѓу часовник и аларм, подесување на точно време, подесување на аларм, мод 12/24.
Во почетна состојба, притиснете и држете [MODE] за 2 секунди, вредноста на минути ќе започне да трепка. Притиснете [ADJ] за да ја прилагодите вредноста, притиснете повторнио [MODE] за да можете да ја прилагодите вредноста на часот, 12h/24h, ден (Д),месец (М), соодветно.
Во режим на часовник сигналот “:” меѓу вредноста за час и минута трепка на секоја секунда. Притиснете [MODE]за да се префрлите на Аларм ( тогаш сигналот “:” меѓу вредноста за час и минута не трепка), сега притиснете [ADJ] за да се вклучи / исклучи аларм функцијата или функцијата за звучен сигнал на секој час. Притиснете држете [MODE] за 2 секунди, за да го поставите времето на алармот.
Под режим на алармот, инструментот ќе се врати на режим часовник ако нема никаква операција за време од 1 минута. Притиснете [ADJ] и ќе се прикаже календарот за време од 3 секунди, потоа повторно автоматски се враќа на режим часовник.
Притиснете [MEMORY] за да се прикаже MAX и MIN вредноста на температура и влажност. Притиснете и задржете [MEMORY] за 2 секунди за да ги избришете зачуваните вредности.
Внимание:
Притиснете го тастерот [RESET] кој се наоѓа на задната страна од инструментот при првото користење или доколку вршите промена на батеријата.
Притиснете [RESET] доколку на екранот се појават неправилни или нечитливи вредности.